Македонија до 21 поразена од Казахстан во првото коло од Анталија куп 2021

Објавено на 24 Март, 2021 во До 21 год

Младата репрезентација на Македонија предводена од селекторот Благоја Милевски загуби со 2:1 од Казахстан во рамките на првиот натпревар од силниот меѓународен пријателски турнир кој се одржува во Анталија, Турција.

Сите голови беа постигнати во второто полувреме. Во 56 минута Улшин погодува за предност и радост на Казахстан од 1:0. На 2:0 зголеми Шумабек во 73 минута од средбата. Македонија успеа во 80 минута од средбата да ја намали предноста. Стрелец на погодокот за нашиот состав беше Берат Калкан.

МАКЕДОНИЈА: 1. Денковски Давид, 4. Младеновски Марио, 5. Шеји Блертон, 6. Ѓурковски Александар, 8. Фазлагиќ Енис, 10. Чурлинов Дарко, 14. Илиевски Марио, 17. Алексовски Филип, 20. Гроздановски Томче, 23. Димоски Бојан, 26. Рамадани Флорент

Во вториот натпревар од контролниот турнир, селекцијата на Македонија на 27 март силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Словачка.




   
   
А репрезентација