Објавено на 06 Јуни, 2024 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 2:1 од соодветната селекција на Босна и Херцеговина во контролен натпревар одигран Коњиц.
Противникот во 10. минута преку Јагањац дојде до предност. Во 72. минута Бистриќ зголеми на 2:0. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во 90. минута преку Адеми го намалија водството на противникот.
Нашите млади фудбалери во овој јунски циклус одиграа и контролен дуел против силната Полска на кој успеаа да остварат триумф со 2:1.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....