Објавено на 24 Март, 2022 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21. година загуби на гостувањето кај Србија со конечни 2:1 во рамките на 7. коло од квалификации за пласман на Европско првенство 2023 година во Романија и Грузија. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски не успеаа да ја остварат целта, да останат непоразени на денешната средба. Противникот не не надигра, но успеа да ги искористи укажаните можности и да оствари многу битна победа во трката за едно од местата кои водат во баражот од квалификациите.
Во продолжението Македонија во 66. минута остана со играч помалку на теренот. Исени се обиде да спречи опасна контра на противникот, но направи прекшок и доби втор жолт картон. Селекцијата на Србија тоа го искористи на најдобар можен начин. Одиграа една убава акција во која ударот со глава од само неколку метри Денковски бравурозно го брани, но на таа топка налетува Јовиќ и реализира за 2:0.
Нашите млади фудбалери веќе во следниот напад успеаа да го намалат водството на противникот и колку толку да ја вратат неизвесноста на мечот. Димоски во својот прв контакт со топката откако влезе во игра одлично и избега на одбраната на Србија и погоди за 2:1.
Македонија: Денковски, Хајдари, Антовски, Исени, Манев, Воша (Максимов 80), Фазлагиќ, Ѓоргиевски (Рустемоски 66), Емини (Тодоровски 77), Шеји (Илиевски 66), Гроздановски (Димоски 78);Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....