Македонија до 21 подобра од Гибралтар во натпревар од квалификациите за пласман на ЕП

Објавено на 21 Март, 2024 во Вести, До 21 год


Репрезентацијата на Македонија до 21 година забележа минимална победа над селекцијата на Гибралтар во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Словачка. Младите фудбалери ја остварија втората победа во овие квалификации. Во првото коло од квалификацискиот циклус, славевме победа над Шведска, на гостински терен со 1:0.

Македонија доминираше, имаше иницијатива и посед на топка, противник главно беше позициониран на својата половина, бранејќи го својот гол. Во првиот дел пропуштивме неколку одлични прилики преку Станковски, Максимов и Тодоровски.

Во продолжението, избраниците на селекторот Драги Канатларовски успеаа да го скршат отпорот на противникот. Во 52. минута Абази погодува за предност на Македонија од 1:0. На крајот сосема заслужена победа на Македонија.

Квалификациски натпревар, Скопје;

Национална арена „Тодор Проески";

Група 7

Македонија - Гибралтар   1:0 (0:0)

Стрелци: Луан Абази 52";

МАКЕДОНИЈА: Марко Алчевски, Андреј Стојчевски (к), Решат Рамадани, Стефан Деспотовски, Лука Станковски, Методи Максимов, Имран Фетаи, Луан Абази, Ване Крстевски, Алекс Златков, Димитар Тодоровски;

Резерви: Иван Николоски, Михаил Димитриевски, Берат Калкан, Иван Николов, Џемиљ Јахја, Матеј Ангелов, Ардијан Чилафи, Хамза Рамани, Еркан Семовски.

Селектор: Драги Канатларовски;

Вториот натпревар од мартовските квалификации ќе го одиграме на 26. март против Шведска. 

Натпреварот ќе биде одигран на националната арена „Тодор Проески", со почеток во 14. часот.





   
   
А репрезентација