Објавено на 20 Јуни, 2023 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година забележа сигурна и убедлива победа против соодветната селекција на Малта во рамките на последниот контролен тест пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП.
На тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје, избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа одличен натпревар, совладувајќи го противникот со убедливи 4:0.
Нашите млади фудбалери од самиот старт тргнаа офанзивно, со цел што побрзо да го отворат резултатот. Се редеа опасни ситуации пред голот на Малта од самиот почеток. Методи Максимов ја имаше првата прилика на мечот. Во добри ситуации за постигнување погодок се најдоа и Марио Илиевски и Алекс Златков. Подобрата игра ја крунисавме со погодок уште во 10. минута преку Хамза Рамани за предност од 1:0. На 2:0 зголеми Димитар Тодоровски во 16 минута.
Во продолжението од натпреварот, репрезентацијата на Македонија продолжи со доминантната и сигурна игра. Противникот беше немоќен да се спротистави на нашата добро поставена игра. Подобрата игра ја крунисавме со постигнување на уште два гола во второто полувреме. Андреј Стојчевски во 53. минута погоди за зголемување на разулатот на 3:0. Конечните 4:0 ги постави Луан Абази во 86. минута од средбата, продолжувајќи ја голгетерската серија во дресот на Македонија.
Македонија - Малта 4:0 (2:0)
Македонија: Марко Алчевски, Стефан Деспотовски, Имран Фетаи, Андреј Стојчевски, Методи Максимов, Бехар Фета, Алекс Златков, Хамза Рамани, Иван Николов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски;
Резерви: Михаил Димитриевски, Решат Рамадани, Димитар Трајков, Иван Николоски, Матеј Ангелов, Виктор Крстевски, Ване Крстевски, Луан Абази, Ване Крстевски, Мартин Талаков, Стефан Тасев, Христија Малески
Селектор: Драги Канатларовски;