Објавено на 25 Март, 2025 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра нерешено без погодоци против Азербејџан во рамките на втората контролна пресметка што ја одигра нашата селекција на подготовките во Белек, Анталија.
Избраниците на селекторот Горан Станиќ може да жалат што не успеаа да издвојуваат победа, со оглед на големиот број на пропуштени шанси. Македонија беше подобра во текот на целиот натпревар, противникот ниту еднаш посериозно не се закани по голот на Василев.
Во првиот дел Мелиќи на два пати сериозно се закани по голот на Азербејџан. Истиот играч во 30. минута постигна погодок, но главниот судија го поништи поради фаул во напад. Кире Стојанов во 34. минута се најде во добра ситуација, но неговиот удар беше непрецизен. Во 36. минута на Македонија и беше поништен уште еден гол, овој пат поради офсајд. Во недозволена ситуација се најде Димитар Трајков.
Во продолжението од средбата, нашите млади фудбалери продолжија да притискаат и да напаѓаат. Најдобрите прилики во вториот дел ги имаа Кире Стојанов и Адриан Зенделовски.
Контролен дуел во Белек, Анталија;
Репрезентации до 21 година;
Азербејџан - Македонија 0:0 (0:0)
Македонија: Васко Василев, Давид Даиловски, Анес Мелиќи, Ѓорге Џеков, Нуман Ајетовиќ, Димитар Данев (Шабан Зенку), Матеј Ангелов, Адриан Зенделовски, Кире Стојанов (Никола Манојлов), Мартин Ѓоргиевски (Теодор Николовски ), Димитар Трајков;
Селектор: Горан Станиќ;
Секој клуб од Прва МФЛ ќе добие по 150.916,00 евра од солидарна шема....