Објавено на 18 Декември, 2021 во Вести
Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" го одигра вториот контролен меч против селекцијата на Косово.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во еден возбудлив натпревар со многу погодоци и отворена игра во текот на сите 90. минута одиграа нерешено 3:3. За потсетување, првиот натпревар меѓу овие две селекции заврши со минимална победа на Македонија од 1:0.
Нашите фудбалери одлична го започнаа натпреварот, рано успеа да постигнат погодок преку Трпчевски за водство од 1:0. Пропуштивме неколку добри прилики да заминеме на полувреме со поубедлива предност.
Во продолжението од средбата, студен туш за нашата селекција. Противникот со фуриозна игра од 57 до 72. минута успеа да постигне 3 гола за убедлива предност.
Но и тоа не им беше доволно за победа, зошто во 74. и 78.минута со головите од пенал на Крстевски и Тодоровски, Македонија израмни за конечен резултат 3:3.
Македонија: Николовски, анкуловски, Стојчевски, Крстевски, Тодоровски, Рамадани, Фетаи, Георгиевски, Игњатов, Малески, Трпчевски;
Резервни фудбалери: Алчески, Анѓелковски, Незировски, Стојменов, Фета, Златков, Абази, Калкан, Петејчук, Крстевски, Мисердовски;
Селектор: Драги Канатларовски;