Македонија до 21 одигра нерешено 1:1 против Србија во Кипар

Објавено на 22 Ноември, 2022 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 годиниа во Кипар го одигра вториот контролен дуел, а противник беше содветната селекција на Србија.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во еден добар натпревар во кој можеме да жалиме за пропуштените можности, одиграа 1:1 против нашиот северен сосед.

Марко Алчевски уште еднаш одигра одличен меч, на два пати одлично интервенираше во првото полувреме. Марио Илиевски ја имаше најдобрата прилика за Македонија, но немаше среќа да погоди. Во последните минути од средбата, Лука Станковски беше во добра прилика да и донесе победа на Македонија, но не се снајде најдобро, откако доби одлична топка од Бехар Фета.

Берат Калкан во 20. минута погодува за предност на Македонија од 1:0. Репрезентацијата на Србија во 45. минута го изедначи резултатот. Митровиќ беше сигурен од белата точка.

Во 30. минути, на младата репрезентација на Македонија не и беше досуден чист пенал, откако крилниот фудбалер Калкан беше фаулиран во шеснаесетникот на противникот.

Македонија одигра нерешено 1:1 и против селекцијата на Кипар во првиот контролен меч за нашите млади фудбалери.

Македонија: Алчевски, Деспотовски, Рамадани, Стојчевски, Максимов, Тодоровски, Рамани, Крстевски, Малевски, Илиевски, Калкан;

Селектор: Драги Канатларовски;






   
   
А репрезентација