Македонија до 21: Нерешено против Украина

Објавено на 11 Ноември, 2021 во Вести, До 21 год


Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра без победник против Украина во натпревар од 5 коло од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023 година.

На тренинг центарот „Петар Милошевски" нашите фудбалери во еден возбудлив и неизвесен натпревар одигра нерешено 1:1 против незгодната Украина.


Натпреварот започна со доста тврда и тактичка борба на теренот без опасни ситуации пред двата гола. Како што поминуваше времето, селекцијата на Украина успеа да ја наметне својата игра, доминираше во поседот на топка и создаваше можности за гол. Најопасниот играч во редовите на Украина, Мудрик vo 28. минута од натпреварот ја имаше најголемата можност, доби одличен пас во простор од Крискив, биеше со левата нога, а неговиот удар заврши во пречката. Во 42. минута Украина поведе со 1:0. По одлично изведениот корнер на Мудрик, Сирота на најдобар можен начин го искористи невниманието во нашата одбрана и успеа да погоди за предност на гостите.

Во продолжението, Македонија одигра многу подобро и поагресивно. Тоа резултираше со погодок во мрежата на Украина. Во 58. минута, одличниот Томче Гроздановски успеа да пресече една топка на противникот, излезе еден на еден со противничкиот голман и успеа да погоди за израмнување на 1:1 и голема радост на нашиот тим. Воедно, тоа беше и конечниот резултат на денешниот меч. До крајот, Македонија преку Флорент Рамадани имаше уште една солидна можност за постигнување погодок.

Нашата селекција со овој нерешен исход има освоено вкупно 6 бодови, останува на третата позиција. Украина за прв пат одигра нерешено во овие квалификации.



Квалификации за пласман на ЕП

Македонија - Украина 1:1 (0:1)

(Сирота 1:0 42'; Томче Гроздановски 1:1 58') 

Македонија: Давид Денковски (г), Адриан Хајдари, Јован Манев, Марио Младеновски, Филип Антовски (Арби Воша), Адем Али (Димитар Тодоровски), Енис Фазлагиќ (к), Блертон Шеји, Томче Гроздановски (Флорент Рамадани), Амел Рустемовски (Лука Станковски), Марко Ѓорѓиевски (Марио Илиевски);

Резерви: Марко Алчевски (г), Александар Ѓурковски, Арби Воша, Марио Илијевски, Димитар Тодоровски, Стефан Наумчески, Лука Станковски, Методи Максимов, Флорент Рамадани;

Селектор: Драги Канатларовски;

Украина: Анатолии Трубин (г), Костиантин Виачаренко, Олексии Сич, Богдан Вјаник, Георги Судаков, Олександр Назаренко, Арсении Батахов, Дмитро Крискив, Микхаило Мудрик, Артем Бондаренко (к), Олександр Сирота;

Резерви: Кирил Весиун (г), Антон Бол, Иван Желизко, Микола Микаиленко, Микола Кукаревиќ, Олен Осчеретко, Владислав Валат, Володимир Бразко, Данил Алефиренко;

Селектор: Руслан Ротан;

Во групата Х, покрај натпреварот на Македонија со Украина, вечер во 20:45 лидерот на табелата и топ фаворитот Франција во Гренобл ја пречекува селекцијата на Ерменија.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација