Објавено на 29 Мај, 2025 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра нерешено без погодоци против квалитетна селекција на Косово во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на стадионот „Фадил Вокри", во Приштина.
Натпреварот беше неизвесен во текот на сите 90 минути, со многу борба, трчање и тактичко надмудрување. Двете репрезентации имаа свои добри моменти на оваа средба, пропуштајќи неколку солидни прилики за погодок.
Димитар Трајков во 36. минута се најде во одлична можност, но неговиот удар со глава беше непрецизен. Меметриза Хамза во 44. минута се закани по голот на Косово со удар од далечина, но домашниот голман беше на висина на задачата и добро интервенираше.
Во продолжението од средбата, Димитар Трајков во 62.минута ја имаше најдобрата прилика за Македонија. Адриан Зенделовски во 80. минута се најде до добра ситуација, но неговиот удар беше изблокиран од противничката одбрана. Во 82. минута, и Анес Мелиќи со глава се закани по голот на Косово, но беше непрецизен.
МАКЕДОНИЈА: Васко Василев, Ѓорге Џеков, Матеј Ангелов, Адриан Зенделовски (Никола Манојлов), Мартин Ѓоргиевски, Димитар Трајков (Матеј Гаштаров), Давид Даилоски, Нуман Ајетовиќ, Меметриза Хамза (Кире Стојанов), Димитар Данев, Анес Мелиќи;
Селектор: Горан Станиќ;