Објавено на 07 Септември, 2021 во Вести, До 21 год
На стадионот „Билјанини извори", во Охрид, во еден интересен натпревар, со доста тврда игра и тактичка поставеност, Македонија и Србија одиграа нерешено без голови. И двете репрезентации може да жалат за неколкуте нереализирани шанси. Треба да се нагласи и одличната партија на нашиот млад голман Давид Денковски, кој успеа да им одбрани пенал на гостинските фудбалери. Покрај пеналот Денковски имаше и неколку одлични интервенции, покажа смиреност и беше гаранција во нашата одбрана. Најдобрите прилики во нашиот табор ги имаа Чолаковски, Фазлагиќ и Дашмир Елези во последните мигови од средбата. Македонија одигра храбро, цврсто и решително на овој натпревар против силната репрезентација на Србија.
Квалификациите за Македонија продолжуваат во месец октомври, со гостување кај Фарските Острови.
МАКЕДОНИЈА - СРБИЈА 0:0
СОСТАВИ:
МАКЕДОНИЈА: Денковски, Јанкулов, Ѓурковски, Божиновски, Антовски, Елези, Гроздановски, Фазлагиќ, Илиевски, Чолаковски, Максимов;
СРБИЈА: Гордиќ, Тетек, Марковиќ,Честиќ, Шековиќ, Милосављевиќ, Владосављевиќ, Топиќ, Стевановиќ, Тедиќ, Чавриќ;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....