Објавено на 27 Септември, 2022 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година со нерешен исход против Саудиска Арабија го заокружи контролниот турнир што се одигра во Свети Мартин, на Мура, Хрватска.
Нашата млада селекција одигра квалитетен натпревар против селекцијата на Саудиска Арабија, која на овој меч настапи со играчи до 23 години. Крајниот резултат беше 1:1.
Одличната форма и на овој натпревар ја потврди Марио Илиевски, кој беше стрелец на единствениот погодок за Македонија.
Првата посериозна прилика за избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја имаше Методи Максимов, кој по одличниот продор по десната страна биеше покрај голот на противникот. Лука Станковски пропушти прилика од пенал да и донесе предност на нашата селекција, противничкиот голман успеа да го скроти ударот од 11 метри. Во последната минута од првиот дел Саудиска Арабија со гол од пенал стигна до предност од 1:0.
Во продолжението, Македонија одигра уште поофанзивно и поконкретно по голот на противникот. Тоа на крај резултираше со погодок на Марио Илиевски во 60. минута за конечни 1:1.
Во првиот меч од контролниот турнир во Хрватска, Македонија до 21 славеше победа над Албанија со 3:1.
Македонија: Иван Николоски, Аган Мјаки, Стефан Деспотовски, Андреј Стојчевски, Кристијан Тасевски, Иван Николов, Алекс Златков, Методи Максимов, Бехар Фета, Љуан Абази;
Селектор: Драги Канатларовски;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....