Македонија до 21: Нерешено 1:1 против Фарски Острови

Објавено на 07 Октомври, 2021 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Фарски Острови во Класвик во рамките на третото коло од квалификацискиот циклус за пласман на Европско 2023 година.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски не успеаа да го скршат отпорот на противникот, имавме иницијатива во поголемиот дел од мечот, но за жал не успеавме да ја забележиме првата победа во овие квалификации.

Домашната селекција уште на стартот покажа дека ќе биде незгоден противник во овие квалификации, наметна силно темпо и рано уште во 8. минута поведе со 1:0. Стрелец на голот беше Андреас Јохансен, кој искористи едно невнимание во нашата одбрана. Македонија почна да игра по примениот гол, успеавме да создадеме неколку добри прилики во првите 45. минути, но без ефект. Најдобрата прилика ја имаше Антовски, кој биеше од далечина, но пречката беше сојузник на домашниот голман.

Во продолжението, нашите фудбалери притиснаа уште посилно по голот на Фарски Острови. Тоа резултираше со погодок за израмнување во 55. минута. Напаѓачот на Македонија, Марко Ѓорѓиевски одлично се ослободи од противничкиот играч, си направи простор и одлично бише со левата нога. Македонија притискаше за целосен пресврт на резултатот, ама домаќинот грчевито се бранеше и не оставаше простор. 

Во групата Х, Македонија по три одиграни натпревари, има две нерешени средби и еден пораз. Следниот натпревар го играме на 12. октомври против селекцијата на Ерменија.

Квалификации за Европско 2023:

Фарски Острови - Македонија 1:1 (1:0)

Македонија: Денковски, Хајдари, Манев, Младеновски, Антовски, Ферати, Воша, Адем, Трајкоски, Рустемовски, Ѓорѓиевски;

Селектор:  Драги Канатларовски





   
   
А репрезентација