Македонија до 21: Минимален пораз од Грузија во Скопје

Објавено на 16 Ноември, 2023 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година загуби минимално со 1:0 од селекцијата на Грузија во рамките на 4 коло од квалификациите за пласман на ЕП 2025.

Во првите 45. минути видовме доста тврда и тактичка игра на двете страни, со голема борба и пожртвуваност, но без посериозни шанси за постигнување погодок. 

Во продолжението од средбата, Грузија одигра подобро и со евроголот на Маматашвили ја забележа втората победа во овие квалификации.

На 21. ноември, репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Драги Канатларовски ќе одигра контролен дуел против соодветната селекција на Австрија.

Македонија: Алчевски, Максимов, Деспотовски, Фетаи, Рамадани, Крстевски, Рамани, Николов, Станковски, Калкан, Илиевски;

Селектор: Драги Канатларовски;





   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација