Објавено на 16 Ноември, 2021 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби минимално со 1:0 од фаворитот Франција во натпреварот од 6. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
На Националната арена „Тодор Проески", Македонија одигра храбар натпревар, фаворизираниот противник се мачеше, не создаваше многу прилики, одлична наша игра во одбраната. Дуелот го одлучи едно невнимание во одбраната кое доведе до подарок гол за гостите. Стрелец на единствениот погодок на денешната средба беше Калулу во 75. минута.
Ова беше втора победа во вториот меѓусебен меч во овие квалификации. Македонија во досегашниот тек на квалификациите има забележано два пораза и тоа двата од силниот состав на триколорите.Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, во првиот дел ја пропуштија најдобрата прилика за гол, Марио Илиевски се најде во одличната ситуација, но неговиот удар успеа да го скроти гостинскиот голман.
Квалификации за ЕП 2023, Романија и Грузија;Група Х; Македонија - Франција 0:1 (0:0)
(Калулу 75' 1:0)
Македонија: Давид Денковски, Адриан Хајдари, Филип Антовски, Марио Младеновски, Јован Манев, Адем Али, Енис Фазлагиќ, Арби Воша, Марио Илиевски Блерот Шеји;
Селектор: Драги Канатларовски;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....