Објавено на 12 Јуни, 2022 во Вести, До 21 год
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа нов добар натпревар и успеаа да издвојат победа од 2:1. Двоен стрелец беше Арда Окан Куртулан, кој одигра уште еден добар натпревар и само го потврди својот квалитет.
За нашите млади фудбалери ова беше последен натпревар во јунскиот термин за одигрување на репрезентативни натпревари.
Новата генерација на Македонија одигра одлично прво полувреме, доминантната игра успеавме да ја крунисаме со два погодоци што ги постигна Арда Окан Куртулан. Гостите успеаа кон крајот на првиот дел да го намалат резултатот.
Во продолжението од натпреварот, Македонија имаше контрола врз играта, рутински ги одработи вторите 45. минути, не му дозволи на противникот да наметне посериозна игра и да создаде можности за да се закани по голот на нашиот голман.Контролен дуел во Скопје;
Репрезентации до 21 година;
Македонија - Босна и Херцеговина 1:0 (1:0)
Македонија: Иван Николоски, Аган Мјаки, Стефан Деспотовски, Алекс Златков, Берат Калкан, Димитар Тодоровски, Анатолиј Петејчук, Мартин Величкович, Луан Абази, Иван Николов, Арда Окан Куртулан;
Резервни фудбалери: Марко Алчевски, Кристијан Тасевски, Андреј Стојчевски, Марио Илиевски, Бехар Фета, Методи Максимов, Имран Фетаи, Виктор Крстевски, Данаил Тасев, Александар Коцев, Стефан Митрев;
Селектор: Драги Канатларовски;
Босна и Херцеговина: Мухамен Шахиновиќ, Ненад Никиќ, Силвио Илинковиќ, Мустафа Шукиловиќ, Михаило Тркуља, Дејан Попара, Александар Кахвиќ, Тарик Рамиќ, Хамза Гашал, Енвер Кулашин, Младен Цетиновиќ;
Резервни фудбалери: Тарик Капетановиќ, Елдар Мемедовиќ, Лука Дамјановиќ, Срџан Јанјетовиќ, Саша Марјановиќ, Омар Беча, Амар Тахриќ, Франко Шабајлиќ, Лука Марјанац;
Селектор:Слободан Старшевиќ;
Првиот контролен дуел овие две селекции го одиграа пред два дена. На стадионот во Ѓорче Петров, нашата селекција забележа победа, благодарение на погодок што го постигна Луан Абази.