Македонија до 21 издвојува победа над Шведска во првото коло од квалификациите

Објавено на 08 Септември, 2023 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра фантастично во Јенчепинг и успеа да издвојува многу битна победа против домаќинот, силната селекција на Шведска во рамките на првото коло од групата Ц, од квалификациите за пласман на Европското првенство во Словачка 2025.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа тактички совршено, компактно и не и дозволија на репрезентацијата на Шведска премногу простор за игра. Противникот нема решение за одличната поставеност на нашите фудбалери, на крајот Македонија сосема заслужено успеа да слави минимална победа од 1:0.

Единствениот погодок на денешната средба беше Иван Николов, кој успеа да погоди рано уште во 7. минута.

За издвојување е и фантастичното издание на нашиот голман Марко Алчевски, кој на денешната средба имаше неколку извонредни одбрани, со кои успеа да го зачува нашиот гол.

Во вториот меч од квалификациите, во вторник, на 12 септември, Македонија ја пречекува репрезентацијата на Холандија. Натпреварот ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски", со почеток во 15:30 часот.

Македонија: Марко Алчевски, Стефан Деспотовски, Андреј Стојчевски, Решат Рамадани, Методи Максимов, Иван Николов, Лука Станковски, Хамза Рамани, Бехар Фета, Берат Калкан, Марио Илиевски;

Резерви: Луан Абази, Матеј Ангелов, Ване Крстевски, Виктор Крстевски, Иван Николоски, Марио Ричков, Мартин Талаков, Димитар Тодоровски, Алекс Златков;

Селектор: Драги Канатларовски;






   
   
А репрезентација