Објавено на 21 Мај, 2018 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21 година по одржаниот тренинг денеска замина за Азербејџан каде на 24. и 27. мај ќе одигра два контролни натпреварипротив домашната селекција. Нашиот репрезентативен тим на двете пресметки во Баку ќе го предводат Добринко Илиевски и Звонко Златановски.
На денешниот тренинг недостасуваа само голманот на португалскиот Пакош Фереира, Томас Божиновски, како и членот на Локомотива Загреб, Агрон Руфати кои на 23. мај ќе му се приклучат на репрезентативниот состав.
Дел од оваа селекција во која има играчи и од селекцијата до 18 години, која ја предводи Добринко Илиевски ќе патува во Турција на контролни мечеви против Турција до 18 години. Тие два меча се играат на 30. мај и 01. јуни.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....