Објавено на 25 Јануари, 2017 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година утре на извлекување во Нион, Швајцарија ќе ги дознае противниците за новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2019 година во Италија.
Спроти ждребот во седиштето на Уефа, селекторот на нашата репрезентација до 21 година Благоја Милевски вели дека целта и желбите за новиот циклус квалификации останува ист, а тоа е да бидеме конкурентни во групата и одново да се обидеме да го подобриме рејтингот.
-Немам посебни желби во однос на можните противници на македонската репрезентација. Ова извлекување го чекаме од четвртиот барабан, со пласман на Уефа рејтинг листата подобрен за единаесет места во однос на претходното извлекување и со обезбедено место на Европското првенство. Квалификациите за ЕП 2019 година ќе ги започнеме со нова генерација на фудбалери, но целта и желбите остануваат исти - да бидеме конкурентни во групата и да го подобриме рејтингот. Можеби специфично е тоа што во иста година паралелно треба да се подготвуваме со две генерации, со играчите кои ни донесоа пласман на Еуро 2017 и со фудбалерите 1996/97 кои треба да го носат товарот во иднина. Но, ние би биле најсреќни кога условно тој „проблем“ би го имале на секои две години. За можните контролни натпревари ќе разговараме откако ќе ги дознаеме противниците, но речиси е сигурно дека во март ќе играме два пријателски натпревари, еден со генерацијата на фудбалери родени 1996/97 и со играчите кои ќе бидат во комбинација за настап на ЕП во Полска, изјави Милевски.
Извлекување за ЕП 2019 година:
Барабан А: Германија, Поругалија, Шпанија, Данска, Франција, Шведска, Чешка, Србија;
Барабан Б: Словачка, Израел, Холандија, Австрија, Хрватска, Белгија, Полска, Швајцарија, Словенија;
Барабан Ц: Украина, Норвешка, Русија, Турција, Романија, Исланд, Грција, Црна Гора, Финска;
Барабан Д: Велс, Бугарија, Македонија, Грузија, Унгарија, Република Ирска, Шкотска, Молдавија, Албанија;
Барабан Е: Литванија, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Казахстан, Кипар, Летонија, Албанија;
Барабан Ф: Малта, Луксембург, Северна Ирска, Фарски Острови, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Гибралтар, Косово;
Извлекувањето започнува во 09:00 часот. Директорот на репрезентацијата на Македонија Саша Ќириќ заедно со селекторот Благоја Милевски се наши официјални претставници.Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....