Македонија до 21 година славеше победа против Гибралтар

Објавено на 09 Септември, 2024 во Вести, Футсал до 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година во последниот натпревар од септемврискиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство 2025 успеа да забележи победа со 2:0 над селекцијата на Гибралтар.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја остварија третата победа во рамките на групата Ц од овие квалификации.

И во првиот натпревар помеѓу овие две селекции во Скопје, на националната арена „Тодор Проески" Македонија успеа да забележи победа со минимални 1:0.

Ване Крстевски во 24. минута ја доведува Македонија до предност, по одличното проигрување од Адеми.

Адеми во 42. минута ги поставува конечните 2:0.

Македонија: Алчевски, Деспотовски, Рамадани (78. Ангелов), Стојчевски, Џеков, Николов (90. Мелиќи), Фета (66. Чилафи), Крстевски, Исаки (45. Ѓорѓиевски), Трпчевски (90. Рамани), Адеми;

Селектор: Драги Канатларовски;



   
   
Актуелности

12.02.2025    Вести

Масар Омерагиќ на средба во Нион со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ...

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

Календар
А репрезентација