Македонија до 21 година: Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на играчи за мечот со Словенија

Објавено на 21 Мај, 2021 во Вести, До 21 год

Македонската репрезентација до 21 година на 3. јуни во словенечки Терме Чатеж ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Словенија.

Подготовките на нашата млада репрезентација започнуваат на 26. мај, а ќе бидат поделини во два дела. Селективна фаза по која селекторот Милевски ќе одлучи кои 24 фудбалери ќе бидат дел од главната подготвителна фаза и натпреаврот со Словенија на гостински терен. 

Селекторот Благоја Милевски ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: ДАВИД ДЕНКОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА ШТИП), ДАМЈАН СЕРАФИМОВ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), АЛЕКСАНДАР АНЃЕЛКОВСКИ (РЕНОВА), ИВАН НИКОЛОСКИ (ВЕЛАЗЕРИМИ 77);

ОДБРАНА: ФИЛИП АЛЕКСОВСКИ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), АЛЕКСАНДАР ЃУРКОВСКИ (ВАРДАР), ГЕОРГЕ ЈАНКУЛОВ (ЖЕЛЕЗНИЧАР ПАНЧЕВО), ФИЛИП АНТОВСКИ (СЛАВИЈА СОФИЈА), МАРИО МЛАДЕНОВСКИ (БОТЕВ ПЛОВДИВ), МЕТЈУ БОЖИНОВСКИ (МЕЛБУРН ВИКТОРИ), МАРКО СТОЈЧЕСКИ (ТЕЛЕОПТИК), БОЖИДАР МИТРЕВСКИ (ТЕТЕКС), БЕСИР ИСЕНИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ), АРДИАН БЕЌИРИ (ДРИТА), АНАТОЛИЈ ПЕТЕЈЧУК (ВАРДАР);

СРЕДЕН РЕД: АГОН ЕЛЕЗИ (ВАРАЖДИН), БОЈАН ДИМОСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), БЕСНИК ФЕРАТИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), ЕНИС ФАЗЛАГИЌ (ЖИЛИНА), ФЛОРЕНТ РАМАДАНИ (ШКЕНДИЈА), ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ), ТОМЧЕ ГРОЗДАНОВСКИ (ЗЛАТЕ МОРАВЧЕ), ЛУКА ЗДРАВКОВСКИ (КОМ), ДАВИД МАНАСИЕВСКИ (СИЛЕКС);

НАПАД: МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ (ВОЖДОВАЦ), МАРИО ИЛИЕВСКИ (СЕПТЕМВРИ СОФИЈА), МЕТОДИ МАКСИМОВ (РАБОТНИЧКИ), АРБИ ВОША (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), ЈАКУП БЕРИША (ШКУПИ), АМЕЛ РУСТЕМОСКИ (ГРАСХОПЕР), ЛУКА ТРАЈКОСКИ (БОРЕЦ );

Благоја Милевски - селектор на македонската репрезентација до 21 година:

Овој собир ќе биде поделен во два дела. Од 26. до 29. мај дел од повиканите фудбалери ќе бидат вклучени во селективната фаза од подготовките, а главниот дел ќе го одработиме до контролниот натпревар против Словенија на 3. јуни во Терме Чатеш. Се одлучивме на овој чекор од причина што дел од фудбалерите кои беа со репрезентацијата на собирот и тест мечевите во Турција не покажаа доволен квалитет, посебно во одбраната и затоа сме принудени да бараме поинакви решенија. Според планираното во Словенија ќе патуваат најмногу 24 фудбалери. Во оваа репрезентација веќе ги имаме фудбалерите (16-ет до 18-ет фудбалери) кои го прават костурот на селекцијата, а јас се надевам дека после овој собир ќе ја имаме целината која ќе не води низ следниот квалификациски циклус. Ова е последниот филтер и верувам дека сите сериозно ќе ја разберат својата задача“.




   
   
А репрезентација