Македонија до 21 година: Пораз од силната Франција во Ле Ман

Објавено на 02 Септември, 2021 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година со пораз во Ле Ман од Франција ги започна квалификациите за Европското првенство 2023. Топ фаворитот во нашата квалификациска група славеше со 3:0.

Мбуку во 26. минута, Камавинга во 50. минута и Калулу во 89. минута беа стрелци на головите за Франција. 

Домашната репрезентација доминираше во текот на целиот натпревар и победата за „триколорите“ не беше доведена во прашање во ниту еден момент. 

Французите од сомнителна ситуација го постигнаа водечкиот гол, по ударот на Мбуку топката се одби од гредата, целосно не ја мина гол линијата, но судиите, сепак покажаа не центарот. 

Нашиот голман Денковски имаше неколку одлични интервенции во првото полувреме во кое не се заканивме кон голот на противникот. 

На почетокот на вторите 45. минути, новата ѕвезда на европскиот фудбал, Камавинга со удар од далечина погоди за 2:0, а пред крајот на натпреварот младите репрезентативци на Франција преку Калулу дадоа и трет гол за конечни 3:0. 

Франција: Меслие, Калулу, Салиба, Бадиашил, Бард (Труфе 80`), Какуере, Камавинга (Tурам 77`), Диоп, Мбулу(Фе Ле 68`), Чо (Калимуендо 68`), Гури (Мара 77`)

Македонија: Денковски, Јанкулов, Ѓурковски, Божиновски, Антовски (Шеји 74`), Елези, Фазлагиќ (Адем 84`), Гроздановски (Скендери 68`), Илиевски (Максимов 46`), Чолаковски, Воша (Фераи 68`); Селектор: Драги Канатларовски. 

Македонската репрезентација до 21 година на 7. септември во Охрид на „Билјанини извори“ против Србија ќе го одигра вториот натпревар во групата за пласман на ЕП 2023. 




   
   
А репрезентација