Објавено на 22 Март, 2018 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата
на Македонија до 21 година утре го игра петтиот натпревар од квалификациите за
Европското Првенство кое ќе се одржи во 2019 година во Италија. Надежите под
водство на Благоја Милевски веќе ги завршија подготовките за утрешниот
натпревар со Русија, на кој иако со променет состав се очекува добра игра и
резултат.
Селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски на брифинг со претставници на медиумите, истакна дека останува убеден во ставот да создава нов тим по лошите изданија на предходните три натпревари.
„Секако дека не само Русија, туку и останатите репрезентации во групата ако ги потцените или ги прецените, ќе имате проблем на самиот натпревар. Што се однесува за утрешниот натпревар против репрезентацијата на Русија не треба да трошиме зборови за нивниот квалитет. Се работи за силен тим, составен од фудбалери кои играат во прволигашки клубови во Русија. Значи имаат квалитет. На спротивната страна, ние сме во ситуација да создаваме нова екипа, по натпреварот со Австрија, најави кој веќе ги остваруваме. Во почетните единаесет од тие кои го почнаа натпреварот со Австрија ќе има само двајца, евентуално тројца во зависност од временските услови што ќе ги имаме утре“, изјави селекторот на Македоника, Благоја Милевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Русија се игра в петок од 14.00 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....