Објавено на 08 Септември, 2020 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година оствари значајна победа од 2:1 на гостувањето против Фарски Острови во квалификациите за Евроспкото првенство и ја продолжи борбата за втората позиција.
Натпреварот започна со иницијатива на македонската репрезентација. Во воведните минути, нашиот национален тим имаше две шанси, но без реализација. Иницијативата конечно донесе гол во 18. минута, кога Даци нафрли, а топката заврши до Ристовски, постигна ефектен гол во горниот дел од аголот од голот на Фарски Острови.
Само една минута подоцна, шанса имаше и Тодоровски, нашиот бек излезе пред казнениот простор и биеше по земја, ама голманот Хенце го изби неговиот шут во корнер. Во наредните десет минути се префрли топката на половината на Македонија и Фарски Острови беше селекцијата што играше. За наша среќа, Ристе Јанков беше присебен и ги одби сите напади на противникот.
Во средината на првиот дел две добри шанси со глава имаше Фазлагиќ, но завршија крај стативите. Македонија имаше минимална предност и на паузата, а на стартот на вториот дел Ристовски имаше втора добра прилика на средбата во Торшавн, ама шутот откосо заврши во рацете на голманот.
Благоја Милевски со Тошевски и за ковачки ја освежи играта и во последниот дел од натпреварот, нововлезениот Ацковски искористи една конфузија на противничкиот тим и постигна лесен гол за 0-2.
Три минути подоцна, Кнудсен возврати и со еден шут од далечина го измами Јанков и ја намали негативата. Фараните не се предадоа, тргнаа и по изедначување, но нашите репрезентативци не дозволија израмнување на противникот.
Македонија во следната квалификациска рунда ќе игра против Казахстан на гостински терен, а дуелот е закажан во октомври.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....