Објавено на 02 Октомври, 2017 во Вести, Вести
Македонија - Србија
Квалификации за ЕП 2019., Група 7
6. октомври 2017., 15:00
Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопјеhttp://ffm.mk/bileti-za-natprevarite-na-reprezentacijata-na-makedonija
Македонската репрезентација до 21
година денеска ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против
Србија за пласман на Европското првенство 2019 година. На денешниот тренининг
се приклучија Давор Здравковски и Филип Илиќ.
Репрезентативците Ремзифаик Селмани и Петар Петковски сметаат дека доколку сите го дадат максимумот, можеме одново да се радуваме на позитивен резултат.
-Ова е нов и сосема поинаков натпревар од првиот во квалификациите против Ерменија. Србија е многу силна репрезентација и еден од фаворитите во нашата група. Ние повторно треба да бидеме силно мотивирани, добро да ги одработиме подготовките и да се надеваме на нов успех. Ќе направиме сѐ што можеме одново да ги израдуваме навивачите и да останеме на првото место во групата, изјави Петар Петковски, напаѓачот на Вардар.
-Ова е почеток на подготовките, се надевам дека ќе бидеме здрави и ќе одработиме најдобро што можеме. Одлично ги започнавме квалификациите, но Србија е вистински предизвик. Имаат неколкумина фудбалери кои настапија и на ЕП во Полска, сигурно ќе бараат добар резултат и во Скопје, но јас се надевам дека многу од работите ќе зависат и од нас. Верувам дека можеме до нов позитивен резултат, вели Ремзифаик Селмани.
Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ...
Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....
Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....