Објавено на 12 Октомври, 2018 во Вести, До 21 год
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година претрпе пораз во евроквалификациите за шампионатот кој ќе се игра во Италија во 2019 година и на гостински терен кај големиот фаворит Русија во Тула загуби со 5-1 (3-0).
Русите се покажаа како далеку поквалитетен противник и го искористија домашниот терен на кој играа пред околу 12.000 гледачи да запишат посакувани три бода, со кои остануваат во игра за пласман на Европското првенство. За Македонија на овој меч настапија Јанков, Јованов, Трајановски, Руфати, Маневски, Јевтоски, Ѓорѓев, Атанасов, Здравковски, Митровски и Крстовски, а од клупата за резерви влегоа уште Тотре, Стоименовски и Трајчески.
Поразот на нашите надежи се најави уште на стартот на мечот, кога за само четири минути се примија два лесни гола. Прво во 14. минута во мрежата на Јанков погоди Ахметов, за четири минути подоцна на сличен начин Чалов да зголеми на 2-0.
Третиот погодок пред крајот на првиот дел го постигна најдобриот фудбалер на „зборнаја“, Зелимкан Бакаев откако си поигра со нашата одбрана и биеше високо над главата на Јанков, за потоа, Обљаков по една неуспешна офсајд-замка на нашата одбрана да излезе еден на еден со македонскиот голман и во 67. минута да погоди за 4-0.
Македонија единствениот погодок на мечот успеа да го постигне во 74. минута, кога Марио Крстовски доби топка од Трајчевски и по земја го совлада Максименко, но истиот беше залуден, затоа што поразот повторно беше висок, бидејќи Мелкаѕе пред самиот финиш ја стресе нашата мрежа по петти пат, за конечни 5-1.
Шанса да се заврши циклусот со победа ќе се има на 16 октомври, кога во Скопје доаѓа Гибралтар.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....