Македонија до 21 година ги започна подготовките за натпреварот со Израел. Тимот се комплетира утре со пристигнувањето на Митровски, Руфати и Тошевски

Објавено на 08 Ноември, 2020 во Вести


Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за натпреварот против Израел на гостински терен на 12. ноември, претпоследен од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски на првиот тренинг ги имаше на располагање фудбалерите од домашниот шампионат, а од интернационалците тренингот го одработија Дарко Чурлинов од Штутгарт и Ердон Даци од турски Коњаспор.

Вечерва во тимската база пристигнуваат Бојан Миовски, Давор Здравковски, Есмин Личина, Јани Атанасов, Тодор Тодоровсски, Томче Гроздановски и Марко Ѓоргиевски.

Агрон Руфати, Давид Тошевски и Димитар Митровски во текот на утрешниот ден ќе се приклучат на репрезентативните обврски.

Македонската репрезентација до 21 година е на второто место во групата 6 од квалификациите за ЕП со 14 бода. Израел има 12 на третото место, Шпанија е прва со 22. Црна Гора е петта со седум освоени бодови, зад Казахстан со 10. Последен е Фарски Острови со шест бодови. 





   
   
А репрезентација