Македонија до 21 година: Добринко Илиевски со 25 фудбалери на тренинг камп во Дојран

Објавено на 07 Декември, 2018 во Вести, До 21 год


Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Добринко Илиевски заедно со стручниот штаб во младата селекција во периодот од 14. до 20. декември во Дојран ќе организираат тренинг камп со цел да им се даде шанса на одредени фудбалери кои немале настап во репрезентацијата и да се зголеми конкуренцијата во младиот национален состав. За тренинг кампот во Дојран, нашиот предводник Илиевски повика вкупно 25. фудбалери.

Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Филип ТРАЈЧЕСКИ (Струга Трим Љум), Благојче ИВАНОВ (Силекс), Христијан СТЕВКОВСКИ (Скопје), Ване ЈОВАНОВ (Академија ПАНДЕВ), Тодор ТОДОРОВСКИ (Вардар), Филип ТРАЈАНОВСКИ (Оддеволд, Шведска), Есмин ЛИЧИНА (Скопје), Агрон РУФАТИ (Истра 1961, Хрватска), Денис СТОШИЌ (Шпиелберг 1920, Гемранија), Нехар САДИКИ (Адмира Вакер, Австрија), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Стефан БОГДАНОВСКИ (СКФ Серед, Словачка), Анес ОСМАНОВСКИ (Унтерахинг, Германија), Бенјамин МУСТАФИЌ (Теплице, Чешка),  Мартин СТОЈАНОВ (Кит Го), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Викторија Жишков, Чешка), Никола БОГДАНОВСКИ (Бежанија, Србија), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Тренчин, Словачка), Иван АНДОНОВСКИ (Вернамо, Шведска), Филип АНТОВСКИ (Вардар), Марио КРСТОВСКИ (Академија ПАНДЕВ), Бојан КОЛЕВСКИ (Борец), Дарко ЧУРЛИНОВ (Келн, Германија), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција);

-Нашата главна цел за претстојниот тренинг камп во Дојран е да им дадеме шанса на некои фудбалери за кои сметаме дека можат да го подигнат квалитетот на нашата репрезентација и да ја зголемиме конкуренцијата во тимот. Секако, во деновите минати во Дојран ќе работиме и на воигрување на тимот и подобрување на некои елементи од иргата за кои реално немаме многу време и простор кога сме на официјални собири пред квалификациски натпревари. Имаме доволен број на фудбалери и за два меѓусебни дуели и се надевам дека ќе извлечеме многу позитивни работи од овој камп. Поради обврски кон клубовите неколкумина фудбалери нема да бидат присутни со нас во Дојран, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Добринко Илиевски.




   
   
А репрезентација