Објавено на 24 Март, 2015 во Вести, До 21 год
Македонија – Белорусија
Квалификации за Европско првенство 2016.
27. март. 2015. 20:45 часот
Скопје, Национална арена „Филип Втори“
Влезни во продажната мрежа на Mk Tickets: http://www.mktickets.mk/mkd-bel
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година Благоја Милевски е принуден да менува и комбинира нови играчи во тимот спроти почетокот на подготовките за натпреварот против Словенија на 30. март во Цеље. Енис Барди, Дарко Велковски и Марјан Радевски се во комбинација за настап во А репрезентацијата, а денеска селекторот Милевски доби потврда од Давид Бабунски, Бобан Николов и Тауљан Сулејманов дека не се во можност да се стават во функција на тимот за натпреварот во Словенија.
-Се соочуваме со голем предизвик, треба да составиме речиси нов тим за натпреварот со Словенија. Недостасуваат шест играчи кои ги создаваат најважните линии во формацијата на тимот. Давид Бабунски има првенствен натпревар на 29. март, се бори за место во тимот,овој период е веројатно клучен за него во Барселона и по разговорот со Давид одлучивме да го ослободиме од обврските за натпреварот со Словенија. Очекуваме Бабунски да биде целосно фокусиран на националниот тим на првиот квалификациски дуел против Исланд. Бобан Николов не е доволно подготвен за овој натпревар и покрај големата желба да настапи против Словенија. За жал не е доволно физички подготвен, беше повреден во изминатиот период и одлучивме да не ризикуваме на овој натпревар. Ситуацијата со Тауљан Сулејманов веројатно е најтешка. Фудбалерот на Јанг Бојс утре оди на операција на колената. Тоа го добивме како потврда од клубот, се надеваме дека Тауљант брзо ќе се рехабилитира и ќе биде во комбинација за квалификациите. Имајќи ги предвид сите овие откажувања бевме принудени да менуваме. Имаме тројца дебитанти, Чешмеџиев, Костадинов и Стојановски кои беа дел од селекцијата до 19 години на последните квалификации за ЕП. Кире Марковски од Работнички и Имери Демир од Шкендија се ставени во функција на тимот. И покрај новата ситуација со која се соочуваме, јас се надевам дека играчите кои ќе добијат шанса ќе ја искористат и ќе се наметнат сериозно за важните натпревари од квалификациите за ЕП 2017 во Полска, изјави Благоја Милевски, селектор на репрезентацијата до 21 година.