Објавено на 13 Ноември, 2023 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година во октомври ја очекуваат два тешки натпревари против селекциите на Грузија и Австрија.
На 16. ноември силите ќе ги одмериме со Грузија, на домашен терен, во рамките на четвртото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2025 што ќе се одржи во Словачка.
Пет дена подоцна, ќе се соочиме со Австрија на гостински терен во контролен натпревар кој ќе биде одигран во Риед.
Репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Драги Канатларовски денеска официјално ќе ги започне подготовките за претстојните два меча со Грузија и Австрија.
Еден од нашите клучни играчи во средниот ред и играч на лидерот Шкупи, Хамза Рамани, даде свое водување и коментар за претстојните мечеви.
- Одлично ги стартувавме овие квалификации, одигравме фантастичен меч против еден од фаворитите во групата, селекцијата на Шведска. Натпревар во кој успеавме да победиме и да освоиме три бодови на многу тежок терен. Во второто коло на домашен терен загубивме од Холандија, но одигравме на ниво и можеме да жалиме за големите прилики што не успеавме да ги искористиме. На мечот со Молдавија, тргнавме со голема доверба и од стартот верувавме дека ќе ги освоиме сите три бодови, но се случи спротивното, направивме многу грешки со кои практично им ја поклонивме победата.
- Никако не смее да си дозовлиме да подцениме ниту една репрезентација. Ова се квалификации и нема лесен противник.На сите натпревари треба да пристапиме став и да дадеме се од себе.
- Мечот со Грузија од квалификациите за нас е од голема важност. Треба да бидеме максимално фокусирани и посветени во текот на сите деведесет минути, да оставиме срце на терен. Само така можеме да се надеваме на позитивен резултат.
- По негативниот резултат со Молдавија, се надевам дека веќе на следниот меч ќе се вратиме на победите и играта која не красеше на првите два натпревари. Се надевам и верувам дека ќе успееме да излеземе како победници на дуелот со Грузија.
- Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Верувам дека само позитивните резултати може да ја кренат уште повеќе нашата мотивација и да освежат дополнително атмосферата во тимот, која е на високо ниво.