Македонија до 21: Фокусот е насочен кон дуелот со Фарски Острови

Објавено на 27 Март, 2022 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија го продолжува квалификацискиот пат за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.

Нашите млади фудбалери комплетно се насочени кон дуелот против Фарски Острови, во рамките на 8. коло од групата Х од квалификациите. Денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" избраниците на селекторот Драги Канатларовски го одработија предвидениот тренинг во 16. часот под одлични услови.

Дуелот против незгодната селекција на Фарски Острови е закажан на 29. март, на националната арена „Тодор Проески" во 18. часот. Пред четири дена Македонија беше поразена од Србија на стадионот на ФК Вождовац во Белград со минимални 2:1. Во досегашните 7. кола од тековните квалификации Македонија има освоено шест бодови.





   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација