Објавено на 13 Март, 2024 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година кон крајот на март ги продолжува натпреварите во квалификациите за пласман на Европско првенство во Словачка 2025 година.
Селекцијата предводена од Драги Канатларовски ја очекуваат два натпревари против Гибралтар и Шведска на домашен терен. Дуелот од 5.коло против Гибралтар е закажан на 21. март на Националната арена „Тодор Проески" со почеток во 14:00 часот.
На 26. март на Националната арена „Тодор Проески" со почеток во 14:00 часот играме против репрезентацијата на Шведска.
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски А.П. Брера
Стефан Митрев Кожув
Иван Николоски Каменица Саса
ОДБРАНА:
Методи Максимов Алесунд, Норвешка
Стефан Деспотовски Работнички
Решат Рамадани Шкендија
Имран Фетаи Тиквеш
Андреј Стојчевски Жилина
Михаил Димитриевски Брегалница
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов Сондеријске, Данска
Ардијан Цилафи Сампдорија, Италија
Хамза Рамани Шкупи
Лука Станковски Тузласпор, Турција
Алекс Златков Македонија Ѓ.П
Димитар Тодоровски Работнички
Матеј Ангелов Работнички
Ване Крстевски Шкендија
Берат Калкан Гостивар
Еркан Семовски Коге, Данска
Џемил Јахја Воска Спорт
НАПАД:
Марио Илиевски Кишварда
Луан Абази Сент Гален, Швајцарија
Филип Трпчевски Уциктен, Шведска
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 21 година, ги сподели своите очекувања за претстојните квалификациски натпревари против Гибралтар и Шведска.
- Не очекуваат два многу битни натпревари против Гибралтар и Шведска. Мечот со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, се друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добри светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник како Шведска и да покажеме дека победата против нив на гостински терен во првото коло не беше случајна.
- На претходните мечеви од квалификациите против Холандија, Молдавија и Грузија резултатски не бевме успешни, се надевам дека тоа нема негативно да се одрази на нашата игра на следните мечеви.
- Верувам во моите фудбалери, имаме сили, располагаме со квалитет кој треба да го покажеме на следните квалификациски дуели. Силно посакуваме да се вратиме на победничките патеки.
- Фокусирани сме на првиот меч против Гибралтар кој мора да го добиеме. Што се однесува за дуелот со Шведска, очекувам да имаат друг пристап во однос на првиот наш меѓусебен дуел, но и ние имаме свои математики и цели, стратегија и начин како да се спротиставиме и како да одиграме против нив.
- Во Скопје ќе допатуваат сите играчи кои се повикани, некои од нив се жалат на повреди, но во консултација со докторскиот тим и стручниот штаб ќе утврдиме кои фудбалери ќе бидат во можност да се стават на располагање за претстојните натпревари. Доколку има потреба ќе бидат повикани дополнително нови фудбалери. Радува фактот што Трпчевски е здрав и ќе може да се приклучи на националниот тим. Семовски ќе биде големо освежување во средниот ред, Јахја е фудбалер кој подолго време го следиме, со своите игри во клубот заслужи повик во репрезентацијата.
Собирот на репрезентација на Македонија до 21 година е закажан на 18. март во 12. часот во хотел Хилтон.