Објавено на 07 Април, 2025 во Вести, До 19 год жени
Женската репрезентација на Македонија до 19 години загуби со 2:0 од соодветната селекција на Хрватска во натпреварот од 3. коло на квалификацискиот турнир од Б лигата (втора рунда) за пласман во А лигата на квалификации за Е.П.
Репрезентацијата на Хрватска ја забележа и третата победа на овој турнир и со максимален број на бодови го освои првото место во групата. Нашата млада селекција го забележа првиот пораз, по воведната победа во првото коло против Литванија и нерешениот резултат во второто коло со Ерменија.
Весели во 13. минута ја донесе репрезентацијата на Хрватска во предност со 2:0. Петковиќ во 74. минута ги постави конечните 2:0.
Македонија: Комненова, Јованоска, Петкова, Ѓорѓиева, Василева, Конева, Дика, Димитриоска, Велиу, Димитриоски, Илиевска;
Селектор: Астрит Мерко