Објавено на 15 Септември, 2015 во Вести, До 19 год жени
Европскиот првак славеше со 3:0 на стадионот „Борис Трајковски“ во н. Маџари. Елен Лефгвист во 41. минута го постигна водечкиот гол за швеѓанките. Против големиот фаворит во нашата група во првото полувреме одлична на голот на македонската репрезентација беше Викторија Панчурова која спасуваше погодоци во неколку акции на Шведска. Противникот доминираше и во второто полувреме, но Шведска чекаше на втор погодок до 74. минута кога предноста ја удвои капитенката Бјорн. Андреа Пирсон која влезе од клупата за резерви го постави конечниот резултат во 88. минута.
ШВЕДСКА: 1.Холмгрен, 2. Аронсон 4. Бјорн (к) 5. Еквист (83` А. Пирсон) 8. Пенсетер 6. Лефгвист 10. Ангелдал 14. Гетберг (80` Стромблад) 18. Анвегард 9. Блобгвист (70` Пирсон) 11. Олме;
МАКЕДОНИЈА: 1. Панчурова 2. Велеска 3. Христовска 5. Скерлевска(к) 6. Бошеска (9` Хусеин) 8. Николовска 10. Марковска 7. Танеска 9. Петровска 11. Бојку 18. Каровски (79` Јанковска) 13. Хусеин 15. Јанковска;
На вториот натпревар од нашата група кој се играше на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Црна Гора и Северна Ирска одиграа без голови, 0:0. Првите две репрезентации од групата обезбедуваат пласман во елитната фаза на квалификации.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....