Објавено на 23 Ноември, 2022 во Вести, До 19 год
Репрезентацијата на Македонија до 19 години оствари победа со 2:0 над соодветната селекција на Сан Марино во натпреварот од последното коло на квалификацискиот турнир кој се одржува во Скопје.
Младата репрезентација на Македонија ги освои првите бодови и со победа го заврши квалификацискиот циклус (прва фаза) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство 2023 година во Малта.
Во првото полувреме, избраниците на селекторот Неџат Шабани од старт ја презедоа иницијативата и не дозволија противникот посериозно да се закани по нашиот гол.Подобрата игра ја крунисавме со погодок во 36. минута. Трајков се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и успеа да погоди за предност на Македонија.
Во продолжението од натпреварот, Македонија успеа да постигне уште еден погодок. Назифи во последните мигови од средбата ги постави конечните 2:0.
Во вториот натпревар во нашата група, на стадионот на Македонија Ѓ.П., селекцијата на Србија ја совлада Норвешка со 2:0 во директна борба за првата позиција во нашата група.
Македонија: Тасев, Чајани, Серафимов, Јаневски, Ѓоргиевски, Османи,Чилафи, Зенку, Трајков, Талевски, Ташов;
Селектор: Неџат Шабани;