Објавено на 27 Февруари, 2024 во Вести, До 19 год
Репрезентација на Македонија до 19 години го одигра првиот од двата контролни мечеви против соодветната селекција на Бих во Скопје.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа поразени со 2:0.
Првиот погодок противникот го постигна во 43. минута од средбата, кога искористи едно наше невнимание и грешка на нашиот голман. Стрелец на погодокот беше Муамер Хамзиќ.
Во 57. минути, Нико Ковач успеа да издрибла неколку наши играли и му асистираше на Давид Чамбер кој погоди за 2:0. Воедно тоа беше и конечниот резултат на денешната средба.
Контролен дуел во Скопје;
Репрезентации до 19 години;
Македонија - БиХ 0:2 (0:1)
Македонија: Теодор Николовски, Андреј Аризанковски, Никола Величковски, Фикрет Ливорека, Димитар Данев, Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Давор Серафимов, Лорик Каба Јакупи;
Резерви: Петар Јакимов, Максим Славков, Никола Манојлов, Никола Талески, Амир Нухија, Андреј Велков, Дино Михолов, Ѓорѓе Џеков, Донарт Беџети;
Селектор: Тони Јакимовски;