Македонија до 19 одигра без голови против Албанија на првата контролна пресметка во Корча

Објавено на 21 Март, 2025 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра нерешено без погодоци против соодветната селекција на Албанија во рамките на првиот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции во Корча.

Двете репрезентации одигра доста тврд натпревар, со многу борбеност и трчање. Одбраните и на двете репрезентации беа на висина на задачата, не оставајќи преголем простор за игра. Македонија одигра подобро второ полувреме во однос на првото во кое имаше повеќе од играта, но на крајот мрежите мируваа.

Втората контролна средба овие две репрезентации ќе ја одиграат на 23. март со почеток во 12. часот, исто во Корча.




   
   
Актуелности

14.05.2025    Вести

Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...

Календар
А репрезентација