Објавено на 27 Март, 2019 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 19 години запиша победа и нерешено со Албанија до 19 години на двата контролни натпревари кои се играа во Корча на гостински терен и на „Билјанини извори“ во Охрид.
На првиот натпревар кој заврши со резултат 1:1, Димитар Тодоровски беше стрелец на водечкиот гол за нашата селекција. Армандо Броја израмни во второто полувреме.
Во победата на Македонија до 19 години остварена на домашен терен во Охрид, Јетон Даути и Агон Елези беа стрелци на головите. Албанија прва поведе со погодокот на Броја во 9. минута.
Селекторот на нашата репрезентација, Горан Станиќ изрази задовилство по двата пријателски натпревари против Албанија.
-Задоволен сум од пристапот на фудбалерите и начинот на кои ги одигравме двата натпревари. Покажавме зрелост во играта и заслужено се изборивме за победа на едниот натпревар, иако немаше да биде незаслужено ако славевме и на дуелот во Корча. Албанија е силна репрезентација, со многу интернационалци во составот, но сепак ние бевме на висина на задачата, со дисциплина и цврстина во дуелите и натпреварот, изјави Горан Станиќ, селектор на Македонија до 19 години.
АЛБАНИЈА ДО 19 ГОДИНИ - МАКЕДОНИЈА ДО 19 ГОДИНИ 1:1 (0-1)
(0-1 Димитар Тодоровски 17`; 1-1 Армандо Броја 54`)
МАКЕДОНИЈА до 19 години: Матеј Андов, Георгие Јанкулов (Ерсен Хајдари 79`), Ване Тасевски, Бојан Димовски (Божидар Митревски 79`), Јетон Даути, Агон Елези, Димитар Тодоровски (Рамин Али 89`), Арби Воша (Шухељ Муарем 63`), Кире Трпчевски (Методи Максимов 46`), Куштрим Таири, Џемал Ибиши;
МАКЕДОНИЈА ДО 19 ГОДИНИ - АЛБАНИЈА ДО 19 ГОДИНИ 2:1 (1:1)
(0-1 Армандо Броја 9`; 1-1 Јетон Даути 40`, 1:2 Агон Елези 53`)
Македонија: Матеј Андов, Ване Тасевски, Божидар Митревски (Георгие Јанкулов 77`), Бојан Димовски, Јетон Даути, Агон Елези, Димитар Тодоровски (Арби Воша 36`) Рамин Али (Ардит Демири 82`), Ерсен Хајдари (Методи Максимов 77`), Џемал Ибиши, Шухељ Муарем (Куштрим Таири 82`);
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....