Македонија до 19 години утре ќе одигра контролен натпревар против младинците на Македонија Ѓ.П.

Објавено на 05 Март, 2019 во Вести


Македонската репрезентација до 19 години утре од 14:30 часот против младинците на Македонија Ѓорче Петров ќе одигра контролен натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Селекторот на македонската репрезентација, Горан Станиќ овој натпревар ќе го искористи за проверка на потенцијалот на фудбалерите кои настапуваат во домашниот шампионат, а на дводневниот собир повикани се и двајца фудбалери (Онур Омеровски и Никола Ангелески) кои имаат македонско потекло, а настапуваат во Словенија и Србија.  

Македонија до 19 години на 24. и 26. март ќе одигра и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Албанија. 



   
   
А репрезентација