Македонија до 19 години славеше против врсниците од Кипар

Објавено на 30 Август, 2016 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години ја победи селекцијата на Кипар на првиот од двата контролни натпревари кои ги организираме во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Дарко Додев во судиското надополнување го постигна голот за победа на нашата репрезентација.

Кипраните први го отворија резултатот со погодокот на Михалис Харалампус во 34. минута по грешка на нашата одбрана. Во првото полувреме Милан Ристовски не ја искористи најдобрата прилика за погодок на Македонија. Селекцијата предводена од Јетон Несими доминираше во вториот дел, а круна на добрата игра беше евроголот на Емил Абаз во 58. минута за израмнување на 1:1.

Вистинска шанса за пресврт не искористи Даниел Миловановиќ, неговиот удар го одбрани голманот на гостите Јанис. Во судското надополнување Дарко Додев постигна убав гол, од левата страна пласираше во аголот од голот на Кипра за радост на репрезентацијата на Македонија.

МАКЕДОНИЈА до 19 години: 1. Ристе Јанков, 2. Виктор Јовчевски, 3. Михаил Маневски, 4. Агон Хани, 5. Нехар Садики, 6. Есмин Личина, 7. Емил Абаз, 8. Стефан Чупчев, 9. Милан Ристовски, 10. Давор Здравковски (к), 11. Даниел Миловановиќ;

12. Христијан Стевковски, 13. Виктор Стојковски, 14. Антонио Митрев, 15. Дарко Додев, 16. Марио Крстовски, 17. Јани Атанасов, 18. Ване Јованов, 19. Шефит Шефити. Селектор: Јетон Несими

КИПАР до 19 години: 1. Михаил Јанис, 3. Костас Пилеас, 5. Панајотис Артиматас, 6. Мариус Андреу, 9. Михалис Харалампус, 10. Петрос Психас, 11. Николас Матаиу, 15. Леонидас Кириаку, 17. Сотирис Фиакас, 19. Константинос Константиниу

По два дена Македонија и Кипар ќе го одиграат вториот контролен натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во 16:30 часот.



   
   
А репрезентација