Објавено на 29 Февруари, 2024 во Вести, До 19 год
Младата репрезентација на Македонија го одигра вториот контролен меч против соодветната селекција на БиХ на тренинг центарот „Петар Милошевски".
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски во еден интересен и возбудлив натпревар успеаа да слават победа со 2:0.
Нашите фудбалери одиграа многу подобар меч во однос на првата контролна пресметка помеѓу овие две селекции и успеаа да се реваншираат за поразот.
Погодоците беа постигнати во второто полувреме. Каба Јакупи стрелаше прецизно во 52. минута за предност од 1:0 за Македонија. Во последните минути од мечот Фикрет Љиварека погоди за конечни 2:0.
Контролен дуел во Скопје;
Репрезентации до 19 години;
Македонија - БиХ 0:0 (0:0);
Македонија: Петар Јакимов, Максим Славков, Теодор Николовски, Никола Манојлов, Андреј Аризанкоски, Никола Величковскои, Амир Нухија, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Донарт Беџети, Лорик Каба Јакупи;
Резерви: Никола Талески, Фикрет Љиварека, Андреј Велков, Димитар Данев, Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Дино Михолов, Хадис Таири, Давор Серафимов;
Селектор: Тони Јакимовски;
Првата контролна средба помеѓу овие две репрезентации заврши со победа на БиХ со резултат од 2:0.
Овие два контролни натпревари со БиХ беа последна проверка на нашите млади фудбалери пред почетокот на елитната фаза на квалификации во март за пласман на Европско првенство.
Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски се наоѓа во групата 7 со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.
Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.