Објавено на 19 Ноември, 2019 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 19 години го совлада Луксембург со 3:0, Босна и Херцеговина загуби со 4:1 од Англија и поради подобра гол разлика Македонија обезбеди пласман во Елитната фаза квалификации за Европско првенство.
Во последното коло од квалификацискиот турнир кој го организиравме во Скопје, тимот предводен од селекторот Горан Станиќ го победи Луксембург со 3:0.
Македонските надежи постигнаа два гола во последните минути од првото полувреме. Давид Тошевски во 44. минута го отвори резултатот, а во надополнувањето на првиот дел предноста ја удвои Арби Воша. Претходно, Елизи и Тошевски имаа обиди за отворање на резултатот, но не беа прецизни.
Во вториот дел, еднаш дирекот беше наш сојузник, а Мурати даде трет гол кој значеше пласман во елитата, кога веќе Англија имаше сигурни 4:1 против Босанците на стадионот во Ѓорче Петров.
Македонија ремизираше без голови со БиХ во првото коло, а потоа загубивме од Англија. Англичаните со максимални девет бода се први, Македонија е втора со четири бода, поради подобрата гол - разлика од БиХ, која со четири бода исто така ги завршува квалификациите, а Луксембург со три порази е последен.
МАКЕДОНИЈА до 19 години: 1. Матеј Андов, 2. Георгие Јанкулов, 3. Бојан Димовски, 4. Јетон Даути (65` Сухељ Мухарем), 5. Божидар Митревски, 6. Александар Ѓурковски, 7. Абдулвахид Мурати, 8. Агон Елези, 9. Давид Тошевски, 11. Методи Макесимов, 16. Арби Воша;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....