Македонија до 19 години против Азербејџан во Турција, селекторот Арслани го објави нашиот состав

Објавено на 21 Јануари, 2020 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години од 23. до 28. јануари во турска Анталија ќе одигра два подготвителни натпревари против Азербејџан до 19 години. Нашата селекција ја предводи селекторот Шкумбин Арслани, а за тест дуелите против Азербејџан ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Кристијан Китановски (Вардар), Иван Николовски (Работнички);

Одбрана: Спасе Терзиев (Академија Пандев), Кристијан Тасевски (Аугсбург, Германија), Алтим Јакупи (Шкендија), Антонио Јанкуловски (Фролунда, Шведска), Имран Фетаи (Шкендија), Виктор Крстевски (Вардар), Бенјамин Далипи (Х. Драговољац, Хрватска);

Среден ред: Лука Станковски (Работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Хамза Рамани (Шкупи), Дамјан Трајановски (Вардар), Леонид Игњатов (Вардар), Бехар Фета (Фортуна), Линдит Черкези (Базел, Швајцарија);

Напад: Марио Илиевски (Тиквеш), Азер Омерагиќ (Вардар), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Фитон Адеми (Шкендија);

- Очекувам два добри натпревари и покрај тоа што поголем дел од фудбалерите се надвор од натпреварувачки ритам. На списокот имаме четворица нови фудбалери (Јанкуловски, Тасевски, Черкези и Калкан), секој од нив ќе добие шанса и само од нив зависи дали ќе ја искористат и дали во иднина ќе конкурираат за место во тимот. Со двата натпревари во Анталија за нас започнуваат подготовките за тоа што годинава нe очекува, а тоа е квалификацискиот турнир во Чешка за место во Елитна фаза за Европско првенство. Се надевам дека добро ќе се претставиме на овие контролни дуели, играчите сериозно ќе ја сфатат задачата со оглед на тоа дека веќе немаме многу простор за експерименти, изјави селекторот Шкумбин Арслани. 

Првиот натпревар се игра на 25. јануари од 15:00 часот, а два дена подоцна е вториот натпревар на теренот Каја во Белег. 



   
   
А репрезентација