Објавено на 23 Март, 2024 во Вести, До 19 год
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски имаа свои шасни на овој натпревар, но реализацијата изостана. Противникот одигра тактички одличен меч, без да остават поголем простор за игра на нашите офанзивни фудбалери. Никола Величковски, Лорик Каба и Мартин Ѓоргиевски беа играчи кои најчесто се закануваа по голот на Швајцарија.
По еден гол беше постигнат во двете полувремиња. Капитенот Жуниор Луке ја донесе Швајцарија во предност од 1:0 во 12. минута, искористувајќи го невниманието на нашите фудбалери. Македонија во првиот дел се трудеше, но тешко наоѓаше простор да се закани по голот на одличниот противникот.
Во продолжението од средбата, во 80. минута, Бенеј постигнува фантастичен погодок со кој ја зголемува предноста на Швајцарија и ги поставува конечните 2:0.
Мини - квалификациски турнир (Елитна фаза), тренинг центар „Петар Милошевски";
Репрезентации до 19 години;
1. коло;
Македонија - Швајцарија 0:2 (0:1);
МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Андреј Велков, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Лорик Каба, Адриан Зенделовски, Мартин Ѓорѓиевски, Димитар Данев, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Никола Величковски;
Резерви: Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Даниел Марковски, Зани Назифи, Давор Серафимов, Валон Алији, Хакија Цаноски;
Селектор: Тони Јакимовски;
Во вториот натпревар од денешната програма, на стадионот во Ѓорче Петров, селекцијата на Украина ја забележа втората победа во овој квалификациски циклус, славејќи над Летонија со 3:0.Во последното трето коло, Швајцарија и Украина во директен дуел ќе одлучуваат за првото место и кој ќе се пласира на Европското првенство. Македонија против Летонија ќе се обиде да ја оствари првата победа во оваа Елитна фаза квалификации.