Македонија до 19 години поразена од силната Германија на квалификацискиот турнир во Полска

Објавено на 14 Октомври, 2023 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија до 19 години во еден интересен, возбудлив и отворен натпревар беше поразена од соодветната селекција на Германија, во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир што се одржува во Полска за пласман во елитната фаза квалификации.

Нашите млади фудбалери одигра нов добар меч, одлично и парираа во поголемиот дел од средбата на силната Германија, која е апсолутен фаворит во нашата група.

По првите 45. минута мрежите мируваа. Двете репрезентации пропуштија неколку добри можности за постигнување на погодок.

Во продолжението од квалификацискиот дуел беа постигнати сите 4 погодоци. Во 57. минута Германија го отвори разултатот. Пејчиновиќ беше стрелец на водечкиот погодок за својата селекција. Избраниците на селекторот Тони Јакимовски во 63. минута постигнуваат погодок за израмнување на резултатот против големиот фаворит. Стрелец на погодокот за Македонија беше Ѓорѓиевски. Само четири минути подоцна, Германија преку Бишоф доаѓа до нова предност. Во 75. минута Бишоф постигнува нов погодок и ги поставува конечните 3:1 за Германија на денешната средба.

Македонија: Џеков, Аризанковски, Марковски, Стојилевски, Џеков, Николовси, Зенделовски, Ѓорѓиевски, Елмас, Назифи, Данев;

Селектор: Тони Јакимовски

Во вториот натпревар од нашата група 5, домаќинот, репрезентацијата на Полска издвојува победа со 3:0 над Казахстан.

Во последното коло од турнирот за пласман во елитната фаза квалификации ќе се соочиме со селекцијата на Казахстан, на 17. октомври во 15:30. 



   
   
А репрезентација