Објавено на 21 Март, 2018 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 19 години загуби со 1:2 од Летонија во натпреварот од првиот круг од Елитната фаза квалификации за пласман на Европското првенство. На турнирот кој го организираме во Скопје, Англија на вториот натпревар од групата беше убелива против Унгарија славајќи победа од 4:1 на арената „Филип Втори“.
На тренинг центарот „Петар Милошевски“, Македонија до 19 години беше фаворит, но на теренот, противникот покажа како треба да се одигра на резултат, па на крајот славеше со 2:1. Богданс Самоиловс ги даде двата гола за Летонија. првиот го постигна во 42 минута, кога биеше прецизно од 10-тина метри, додека за 2:0 погоди со прекрасен шут од далечина во 56 минута.
Македонија единствено успеа да постигне почесен гол во 88. минута преку Димитар Митровски од пенал. На крајот, статистиката беше на наша страна. Упативме 20 удари кон голот на гостите, од кои седум беа во рамките на голот, но само еден заврши во мрежата. Летонија е таа која ги освои трите бода.
Првата шанса на мечот пристигна во 26. минута и ја имаше Трајановски, но не погоди, а потоа се закани и Елиф Елмас, кој во 31. минута доби топка од Тодоров, но голманот на Летонците го прочита неговиот шут и исфрли во корнер.
На стартот на вториот дел Македонија тргна поофанзивно и во игра го внесе Фазлагиќ, што донесе две шанси во низа кои останаа нереализирани. Двапати шанса да погоди имаше Митровски, но голманот Матревиц едноставно беше несовладлив.
Во продолжение записникот од натпреварот Македонија - Летонија.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....