Македонија до 19 години: Победа и пораз на двата контролни дуели против БиХ

Објавено на 23 Февруари, 2020 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години запиша победа и пораз против врсниците од Босна и Херцеговина на двата контролни натпревари кои ги одигравме на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Селекцијата предводена од Шкумбин Арслани минимално со 1:0 загуби на првиот меч, а со истиот резултат славеше на возвратниот натпревар.

Офанзивецот на БиХ, Маџид Сошиќ во 18. минута го постигна голот за победа на гостинската селекција. Во натпревар на кој доминиравме, Илиевски ја погоди стативата, а Фетаи пречката од голот на БиХ. Убави прилики за гол не искористија Фета и Абази.

Македонија до 19 години: 1. Стефан Митрев, 3. Аљтрим Јакупи (46`Али Асани), 6. Спасе Терзиев (70`Виктор Крстевски), 7. Бехар Фета, 8. Иван Николов (65`Сава Аврамовски), 9. Марио Илиевски (46`Марио Илиевски), 10. Леонид Игнатов (65`Симон Маркоски), 11. Методи Максимов (46`Берат Калкан), 13. Бенјамин Далипи (80`Славе Маркоски), 15. Имран Фетаи, 21. Хамза Рамани (75` Петар Гугуљанов);

На возвратниот натпревар, нашата селекција славеше со 1:0 со голот на Марио Илиевски во 75. минута. Гостинските фудбалери во последната минута не искористија шанса за израмнување, откако прекрасно интервенираше голманот Новаков. Во првиот дел, Абази и Фета имаа прилики за отворање на резутлатот.

Македонија до 19 години: 22. Кире Новаков, 2. Антонио Јанкуловски (88` Бенјамин Далипи), 5. Виктор Крстевски, 7. Бехар Фета (55`Методи Максимов), 8. Иван Николов (75`Октај Ракипи), 14. Сава Аврамовски (88` Спасе Терзиев), 15. Имран Фетаи (75`Славе Маркоски), 16. Луан Абази, 18. Али Асани (88`Аљтрим Јакупи), 19. Берат Калкан (55`Леонид Игнатов), 21. Хамза Рамани (55`Марио Илиевски); 



   
   
А репрезентација