Македонија до 19 години одигра нерешено против Казахстан и се пласираше во елитната фаза квалификации

Објавено на 18 Октомври, 2023 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 19 години во последното коло од квалификацискиот турнир во Полска одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Казахстан.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски успеаа на крајот за завршат втори во својата група и да обезбедат пласман во следната елитна фаза на квалификации.

Противникот во поголемиот дел од средбата имаше предност од 1:0, благодарение на погодокот на Мухаметканов во 25. минута од натпреварот.

Голот за Македонија за израмнување на резултатот го постигна Зенделовски во 81. минута од мечот.

Во вториот трилер натпревар во рамките на нашата група, Германија и Полска ги поделија бодовите, одигрувајќи нерешено 3:3.

Во групата 5 од квалификацискиот турнир, Германија заврши првопласирана со 7 бодови, Македонија го освои второто место со 4 бодови, трета заврши Полска со 4 ист број на поени како нас, а на последното место се најде селекцијата на Казахстан со само еден освоен поен.



   
   
А репрезентација