Објавено на 26 Март, 2024 во Вести, До 19 год
Младата репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Летонија во рамките на третото коло од мини квалификацискиот турнир (Елитна фаза) за пласман на Европско првенство.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа подобар противник од самиот старт на овој натпревар, но на крајот не успеаа да ја остварат првата победа во овој квалификациски циклус што се одржа во Скопје.
Ѓоргиевски и Зенделовски ги имаа првите прилика за Македонија на оваа средба, но без реализација. Величковски ја имаше најсериозната можност во првото полувреме.На почетокот на второто полувреме, Летонија погодува за предност од 1:0. Межсаргс беше стрелец на погодокот за противникот.
Димитар Данев во 76. минута погоди за израмнување на резултатот и поставување на конечните 1:1.
Македонија: Џеков, Аризанкоски, Стојилевски, Џеков, Велков, Нухија, Зенделовски, Ѓоргиевски, Цаноски, Величковски, Назифи;Селектор: Тони Јакимовски;
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...