Објавено на 13 Ноември, 2019 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 19 години одигра 0:0 против Босна и Херцеговина во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна рунда квалификации за Европско првенство. Македонија и БиХ освоија по еден бод и ќе бараат шанса за пласман во Елитната фаза во натпреварите против Англија и Луксмбург. Англичаните со 4:0 го совладаа Луксембург.
На тренинг центарот „Петар Милошевски“ првата прилика нашата репрезентација ја имаше во 12. минута, но ударот на Иван Николов заврши над голот на противникот. Босна и Херцеговина од првата шанса ја погоди пречката од голот на Матеј Андов. По центаршут од корнер на Хасиќ, Мелвин Баришиќ со глава биеше само во рамката од нашиот гол. Во 35. минута, капитенот Агон Елези шутираше од работ на шеснаесетникот, но внимателен беше голманот на босанците. Три минути подоцна, Ѓокановиќ имаше убава позиција да го загрози нашиот гол, шутираше, но одбрани Матеј Андов.
Во вториот дел, БиХ први се заканија преку капитенот Хасиќ кој од добра позиција шутираше над голот. Во 55. минута се обиде, но биеше непрецизно и нашиот Ерсан Хајдари. Две минути подоцна во добра позиција беше и Николов, но не се снајде најдобро во шеснаесетникот на гостите.
Повторно имавме многу среќа во 71. минута кога Станиќ шутираше, но пречката повторно беше сојузник на нашата репрезентација, а во 78. минута одлична интервенција имаше Матеј Андов по ударот на Станиќ, а не успеа ниту Дедиќ во продолжението од акцијата.
До крајот од натпреварот двете репрезентации немаа сериозна шанса за погодок.
МАКЕДОНИЈА до 19 години: 1. Матеј Андов, 2. Георгие Јанкулов, 3. Бојан Димовски (81` Влада Новевски), 4. Јетон Даути, 5. Божидар Митревски (70` Ване Тасевски), 6. Александар Ѓурковски, 8. Агон Елези, 10. Сухељ Мухарем, 11. Методи Макесимов, 17. Иван Николов (75`Арби Воша), 19. Ерсан Хајдари (81`Давид Тошевски); Селектор: Горан Станиќ.
Босна и Херцеговина до 19 години: 12. Белмин Диздаревиќ, 2. Елвир Муминовиќ (65` Амар Дедиќ), 3. Ведад Радоња, 4. Владимир Арсиќ, 5. Адријан Леон Баришиќ, 6. Мелвин Бајровиќ, 7. Кристијан Станиќ, 8. Дал Варешановиќ (65` Мирза Хасанбеговиќ), 10. Ајдин Хасиќ, 11. Амар Јашаревиќ (65` Андрија Дрљо), 20. Андреј Ѓокановиќ (75`Силвио Илинковиќ);
На натпреварот од истата група одигран на стадионот во Ѓорче Петров, топ фаворитот Англија убедливо со 4:0 славеше против Луксембург. На 16. ноември од 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Македонија игра против Англија, додека во Ѓорче Петров се соочуваат БиХ и Луксембург.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....